Кој може да стане член на Лазарус Хуманитарната Организација Македонија

Членството во ЛХО МКД е доброволно и волонтерски. Сите кандидати кои со добар карактер и положба во нивната заедница и кои сакаат да му помогнат на страдалното човештво. Многу често новите членови претходно се запознаени со работата на ЛХО МКД преку нашите активни членови, а често и од раководството на национално или регионално ниво. Секој што е заинтересиран да стане член на ЛХО МКД треба да се јави или не исконтактира преку контакт страницата на оваа интернет страна или преку активните членови. 

Потенцијалните членови пожелно е да достават кратка биографија. 

За приемот во ЛХО МКД кандидатите ќе бидат писмено изестени преку контактите кои ќе ги достават со својата апликација.