Sample Text
Во Декември 2019 година, ЛХО МКД спроведе хуманитарна акција за деца со посебни потреби. Со донацијата од Фармацевстката фирма Нобел Илач Скопје која се состоеше од суплементи за храна беа посетени повеќе центри за деца до посебни потреби во Република Македонија како Ластовица во Скопје, Мајка Тереза во Гевгелија, Милосрдие во Скопје, Песталоци во Скопје, и во Виница преку Центарот за социјална работа
По иницијатива на Редот Св. Лазарус во Македонија, ЛХО МКД организираше хуманитарен излет за децата од домот за деца без родители. Настанот го подржа ЈП Градски сообраќај од Скопје со обезбедување превоз со автобус на децата до излетничкото место на Водно. Донацијата во храна за излетниците ја обезбеди Витез од Редот Св. Лазарус во Македонија.
Во Јануари 2020 година, ЛХО МКД спроведе хуманитарна донација на храна за загрозените семејства од Ромската Заедница во РНМ. Акцијата беше подржана од Општина Центар - Скопје. Донацијата во храна ја обезбеди компанијата Пандев доо Скопје.
Хуманитарниот настан НИЕ СМЕ ХУМАНИ, БИДЕТЕ И ВИЕ кој се одржа во Декември, 2015 год. во Скопје Сити Мол, заврши многу успешно со неочекувана посетеност од страна на граѓаните. Акцијата беше подржана од повеќе донатори (Нобел Илач, Зегин, Фарма С, Абена Хелпи, Луцерн Вип и Алфа Лаб) на здрава храна, додатоци на исхрана и други потребни производи за секојдневието на стари и изнемоштени лица, што е основна целна група на Лазарус Хуманитарната Организација Македонија и Свети Лазарус од Ерусалим – Македонија. Организаторот им се заблагодари на сите донатори како и на Скопје Сити Мол кој обезбеди соодветен простор за одржување на акцијата, со посебни благодарници за доделените донации, и со ветување дека истите ќе бидат секогаш поканети на вакви или слични хуманитарни настани кои оваа организација редовно ги одржува како подршка на сиромашните, изнемоштените и болните лица, односно на сите на кои им е неопходна помош. Организаторот изразува благодарност и на сите посетители кои го збогатија овој настан со своето присуство, и секако посакува многу здравје и радост до следното гледање на некој следен настан. Редот Свети Лазарус Македонија посебно им се заблагодарува и на сите медиуми кои информираа и ќе информираат за овој настан, како и за настаните кои ќе следат. Фото галеријата која следи е само доказ за тоа како се почуствуваа граѓаните кои ги посетија штандовите на донаторите.