Благодарни сме што покажувате интерес за нашата христијанска, вселенска заедница во Редот на Свети Лазарус со посета на нашата веб-страница Приоратот на Редот Свети Лазарус во Република Северна Македонија е Јурисдикција на Редот Свети Лазарус како хуманитарна и милитарна организација во состав на Интернационалниот Ред на Свети Лазарус под водство на 50-тиот Грендмастер S.E. Francisco de Borbon, Graf von Hardenberg GCLJ. Редот Св. Лазарус е активен повеќе од 900 години, во форма приспособена на моменталните услови за доброто на социјално загрозените лица кои имаат потреба од хуманитарна помош. Кон крајот на 90-тите години од изминатиот век, воспсотавени се првите контакти на Редот Св-Лазарус Европа со Проф.Д-р Лазар Лазаров подоцна еден од оснивачите, прв Приор на Редот Св. Лазарус во Република Македонија. Во 2004 година, по иницијатива на Проф. Д-р. Лазаров, основана е Лазарус Хуманитарна Организација Македонија (ЛХО Македонија) како здружение на граѓани и истата отпочна со работа. Редот Св. Лазарус оформи Командерија во Република Македонија истата година и со тоа отпочнаа активностите за оформување на Приоратот Св. ЛАзарус во Македонија. На 08.09.2011 година, во Скопје, со декрет на Големиот мајстор на Редот на Лазар, со одлука на Големиот магистрален совет, ЛХО Македонија и Приоратот на Св. Лазарус Македонија (FYROM) беше воспоставена институционална врска помеѓу Меѓународниот Ред на Св. Лазарус и Редот на Св. Лазарус во Република Македонија. Како христијанска екуменска заедница, обезбедуваме меѓународна и национална хуманитарна помош. Со задоволство ве покануваме да дознаете повеќе за нас, да стапите во контакт со нас, да ни ги поставите вашите прашања и да не посетите на нашите настани.