• Проект: Бесплатен преглед на очи и едукација за здравјето на очите • Вид на акција: Хуманитарна – Здравствено-образовна • Датум на имплементација: 23.12.2025 • Локација: Основно училиште Владо Тасевски, Скопje • Организатор / Донатор: ЛХО Македонија • Партнери: Ред на Свети Лазар, Приорат на Северна Македонија, Д-р Билјана Костовска член на Ред на Свети Лазар, Приорат на Северна Македонија 2. Цел на акцијата Целта на оваа хуманитарна акција беше рано откривање на потенцијални проблеми со видот кај учениците од основно училиште, подобрување на нивното здравје на очите и подигање на свеста за важноста на редовните прегледи на очи преку соодветна едукација.Како дел од акцијата, беше спроведен бесплатен преглед на очи за 30 деца од основното училиште. Прегледите беа извршени од квалификувани медицински професионалци со употреба на соодветна опрема, во услови прилагодени за работа со деца.Покрај прегледите, беше организирана и едукативна сесија за здравјето на очите, за време на која учениците беа запознаени со основни информации во врска со:• правилна нега на очите,• важноста на редовните прегледи на очите,• правилна употреба на дигитални уреди,• превенција на најчестите проблеми со очите кај децата.
1. Општи информации • Датум на имплементација: 30.11.2025• Локација: Државно средно училиште за деца со посебни потреби Искра, Штип• Организатор / Донатор: ЛХО“ Македонија• Партнери: Ред „Св. Лазарус“, Приорат на Северна Македонија2. Цел на акцијата Целта на оваа хуманитарна акција беше да се обезбеди соодветна и сезонска облека за учениците од Средното училиште за деца со посебни потреби, со цел подобрување на нивната благосостојба, поддршка на нивните секојдневни потреби и промовирање на солидарност и општествена одговорност.3. Опис на активностите Акцијата беше спроведена преку организирано собирање, селекција и донирање на облека. Облеката беше сортирана по големина, пол и намена (јакни, џемпери, маички, панталони итн.), со посебно внимание посветено на чистотата и употребливоста. Донацијата беше официјално предадена на претставници на училиштето.4. Заклучок Хуманитарната акција беше успешно спроведена и ја постигна својата цел. Ваквите активности претставуваат значаен придонес за поддршка на ранливите групи и ќе останат дел од идните иницијативи на организаторот.
Sample Text
Во Декември 2019 година, ЛХО МКД спроведе хуманитарна акција за деца со посебни потреби. Со донацијата од Фармацевстката фирма Нобел Илач Скопје која се состоеше од суплементи за храна беа посетени повеќе центри за деца до посебни потреби во Република Македонија како Ластовица во Скопје, Мајка Тереза во Гевгелија, Милосрдие во Скопје, Песталоци во Скопје, и во Виница преку Центарот за социјална работа
По иницијатива на Редот Св. Лазарус во Македонија, ЛХО МКД организираше хуманитарен излет за децата од домот за деца без родители. Настанот го подржа ЈП Градски сообраќај од Скопје со обезбедување превоз со автобус на децата до излетничкото место на Водно. Донацијата во храна за излетниците ја обезбеди Витез од Редот Св. Лазарус во Македонија.
Во Јануари 2020 година, ЛХО МКД спроведе хуманитарна донација на храна за загрозените семејства од Ромската Заедница во РНМ. Акцијата беше подржана од Општина Центар - Скопје. Донацијата во храна ја обезбеди компанијата Пандев доо Скопје.
Хуманитарниот настан НИЕ СМЕ ХУМАНИ, БИДЕТЕ И ВИЕ кој се одржа во Декември, 2015 год. во Скопје Сити Мол, заврши многу успешно со неочекувана посетеност од страна на граѓаните. Акцијата беше подржана од повеќе донатори (Нобел Илач, Зегин, Фарма С, Абена Хелпи, Луцерн Вип и Алфа Лаб) на здрава храна, додатоци на исхрана и други потребни производи за секојдневието на стари и изнемоштени лица, што е основна целна група на Лазарус Хуманитарната Организација Македонија и Свети Лазарус од Ерусалим – Македонија. Организаторот им се заблагодари на сите донатори како и на Скопје Сити Мол кој обезбеди соодветен простор за одржување на акцијата, со посебни благодарници за доделените донации, и со ветување дека истите ќе бидат секогаш поканети на вакви или слични хуманитарни настани кои оваа организација редовно ги одржува како подршка на сиромашните, изнемоштените и болните лица, односно на сите на кои им е неопходна помош. Организаторот изразува благодарност и на сите посетители кои го збогатија овој настан со своето присуство, и секако посакува многу здравје и радост до следното гледање на некој следен настан. Редот Свети Лазарус Македонија посебно им се заблагодарува и на сите медиуми кои информираа и ќе информираат за овој настан, како и за настаните кои ќе следат. Фото галеријата која следи е само доказ за тоа како се почуствуваа граѓаните кои ги посетија штандовите на донаторите.