- Мисијата на ЛХО Македонија е да му помогне на човештвото да ја подобри социјалната кохезија преку добротворни христијански принципи, со фокус на подобрување на здравјето и намалување на сиромаштијата;
- Целта е да им се помогне на луѓето погодени физички и духовно од болести и сиромаштија да обезбедат соодветна медицинска поддршка, исхрана, тренинг и образовна помош, да ги подобрат нивните животи;
- Постигнување на целта е возможно со екуменизам и духовност, витештво, милосрдие, вера, братство, посветеност, единство, сочувство и почит;
- Потребно е да се надоврземе на нашата основа на христијанските вредности, хуманоста и братството; да се движиме во позитивна, напредна насока; да растеме како организација која се грижи за своите членови; да се зголеми духовноста; да соработуваме со сите хуманитарни организации и јурисдикции;