На 05.05.2022 година одржано е Годишно Собрание на ЛХО МКД и Редот Св. Лазарус во Македонија. Усвоени се извештаите за работа од 2021 година, Финансискиот Извешта за 2021 година и донесена е програма за рабоа за тековната 2022 год. Донесена е Одлука за одржување на Инвеститура на Редот Св. Лазарус во Македонија. Инвеститурата ќе се организиран на 16-18.09.2022 година во Скопје. Донесена е одлука за прием на два нови членови во ЛХО МКД. Прифатена е формата и содржината на презентираната ВЕБ страна на Лазарус Македонија и донесена е Одлука публикација на истата на интернет. Согласно заклучоците состаноците ќе се одржуваат тековно со претходна најава и закажување, а се со цел успешна реализација на предложените проекти наведени во Програмата за работа на организацијата. Донесена е Одлука за потпишување на Мемеорандум за соработка со МПЦ на хуманитарни проекти.
На 28.04.2022 година одржан е реботен состанок на ЛХО МКД и Редот Св. Лазарус во Македонија. Донесена е одлука за одржување Годишно собрание на организацијата на ден 05.05.2022 година. На Годишното собрание традиционално ќе биде разгледан годишниот извештај за активноста на организацијата ов изминатата 2021 година, ќе се разгледаат предлог проекти и предлог програма за 2022 година. Исто така членовите ќе одлучуваат за прием на нови членови во ЛХО МКД.